Французите најавуваат изненадување: Нејмар сака да си оди од ПСЖ?
Иако пред само неколку денови Нејмар зборуваше дека безусловно сака да остане во редовите на Пари Сен Жермен, медиумите во Франција не му веруваат.
„Л'Екип“ пишува дека 31-годишникот сака да замине од Париз две години пред истекот на договорот. Се верува дека Барселона и ПСЖ прават математики за зделка во која ќе бидат вклучени Нејмар и Осман Дембеле. Нема сомнеж дека Бразилецот би сакал да заигра пак за Каталонците, ама постојат и проблеми.
Тренерот Чави не е многу одушевен од идејата да го види Нејмар во своите редови, меѓутоа ако веќе го губи Дембеле, веројатно би прифатил таков трансфер. Шансите Нејмар да замине од ПСЖ не се големи, меѓутоа ако се верува на француските медиуми, сепак постојат.
Comments
Post a Comment