Се врати „магијата“ во ПСЖ: Два гола и асистенција на Нејмар против Јеонбук (ВИДЕО)
По неколку неубедливи изданија, првакот на Франција, Пари Сен Жермен конечно со убедлива победа ги израдува фановите и во добра клима се враќа во Европа, подготвувајќи се за Трофејот на шампионите (Суперкупот на Франција) и новата сезона во Лига 1.
Екипата на Луис Енрике Мартинез Гарсија го совлада јапонскиот тим Јеонбук со 0-3, а главна ѕвезда беше повратникот Нејмар. Бразилецот се врати на теренот по долгата пауза поради повреда и веднаш покажа што знае. Најскапиот фудбалер во историкјата постигна два гола, а блескаше и новајлијата Асенсио.
Нејмар со фантастична финта си направи простор и погоди за водство од 1-0. Вториот погодок го даде од акција од транзиција. Бразилскиот виртуз го заврши шоуто со асистенција со пета за гол на Асенсио и конечни 0-3.
Comments
Post a Comment