Чави дал зелено светло: Барселона сака да ја ангажира ѕвездата на Атлетико Мадрид

 


Барселона сака да доведе уште некој играч до крајот на летниот преоден рок, па управата на клубот се обидува да најде формула, начин да го засили тимот предводен од Чави Ернандес.

Веќе е познато дека шпанскиот првак е на добар пат да го доведе Жоао Кансело од Манчестер Сити, но бекот може да добие свој сонародник на „Камп Ноу“.

Имено Жоао Феликс веќе некое време е на излезна врата од Атлетико Мадрид, клуб со кој е под договор, но повеќе од јасно е дека тој не е во плановите на Чоло Симеоне, а и тој самиот сака промена, не сака да игра за „колчонеросите“. Пред некое време тој откри дека сонува да игра за Барселона, сон кој може да му се оствари во наредниве денови ако за тоа зелено светло даде клубот од Мадрид.

Наводно Барса и Чави се подготвени да го ангажираат офанзивецот, ама под свои услови со оглед на тоа што клубот не стои добро на финансиски план.

Најдобриот тим во Ла Лига за минатата сезона сака едногодишен позајмица при која нема да му плати ниту еден денар на Атлетико и притоа ќе нема обврска да го откупи договорот пренесува „Хихантес“.. Имено клубот е спремен 100 проценто да ја покрие платата на Жоао, па останува да се види дали „душекџиите“ се спремни да кажат „ДА“ за ваква зделка.

Жоао има 23 години, вториот дел од минатата сезона го мина на заем во премиерлигашот Челси.

Comments

Popular posts from this blog

Петте обвинети за навреда на Винисиус во Валенсија осудени на една година затвор

Златно момче 2025: Кубарси, неспособен да ја повтори наградата Ламине, 'води' на првата листа од 100.

Анчелоти: "Не сум тажен"