Еурофарм Пелистер слави во првиот претсезонски тест со „помладиот брат“

 


Битолските ракометни екипи на Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2 одиграа тест натпревар во салата „Боро Чурлевски“ кој заврши со триумф на „постариот брат“ од 33-21 (14-9). Македонскиот шампион првпат заигра со засилувањата во тимот, па воведниот тест дуел пред новата сезона беше успешен. 

Александар Јовиќ им даде шанса на новајлиите, а слична беше ситуацијата и во тимот кој го предводи Михаил Петровски. По израмнетиот старт, како што одминуваше времето Еурофарм Пелистер почна да гради предност и на одмор замина со водство од 14-9.


Во продолжението пак, иако се играше без преголем интензитет на првиот претсезонски тест, квалитетот исплива на површина. Момците на Јовиќ изградија предност која ја прејде и двоцифрената маргина, за на крај разликата да биде висока. 

Голманите беа солидни, Лесјак и Кизиќ во Еурофарм Пелистер собраа по пет интервенции, колку што имаше и Печурица кај младите пелистерци. Кога се зборува за стрелците, Петар Атанасијевиќ даде осум, а Ненад Костески седум гола.

Пријателски натпревар:
Еурофарм Пелистер - Еурофарм Пелистер 2 33-21 (14-9)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола

Еурофарм Пелистер:
Лесјак (5 одбрани), Кизиќ (5 одбрани), Кузманоски 3, Борзаш 2, Кисум 4, Нилсен, Петровиќ 1, Костески 7, Танкоски, Петар Атанасијевиќ 8, Павле Атанасијевиќ 2, Васиљев 3, Ѓорговски 1, Сери, Пешевски 1, Стевановиќ 1, Дејвис
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 4 минути

Еурофарм Пелистер 2:
Печурица (5 одбрани), Младенов (3 одбрани), Трсунов, Трпчевски 2, Димовски, Ивановски 1, Југовски 3, Маркоски 5, Мијушковиќ 5, Митревски, Талевски 3, Мирчевски 1, Талевски, Димитровски, Х. Ристевски, Пецаковски 1
Седмерци: 2/2
Исклучувања:  2 минути

Comments

Popular posts from this blog

Петте обвинети за навреда на Винисиус во Валенсија осудени на една година затвор

Златно момче 2025: Кубарси, неспособен да ја повтори наградата Ламине, 'води' на првата листа од 100.

Анчелоти: "Не сум тажен"