Posts

Showing posts from August, 2023

Лапорта најави засилувања во Барселона: Можеме да донесеме…

Image
Барселона не беше премногу активна во овој летен преоден рок во кој како слободни фудбалери ги ангажираше Илкај Гундоган и Ињиго Мартинез, a за мала сума на пари беше доведен и икусниот Ориол Ромеу како замена за Серхио Бускетс. Шпанскиот шампион постојано го поврзуваат со многу имиња, ама повеќе од јасно е дека финансиската состојба е далеку од идеална и затоа е мирно на „Камп Ноу“. Меѓутоа претседателот на клубот, Жоан Лапорта најави офанзива во последната недела од преодниот рок, поточно порача дека Чави Ернандес може да добие две засилувања во наредниве денови. -Ќе имаме простор со финансискиот фер плеј да потпишеме повеќе од еден играч, -рече Лапорта кој запрашан за можноста да биде ангажиран Жоао Феликс тој кратко одговори: -Треба да го прашате Деко, тој работи на новите засилување, -заклучи првиот човек на шпанскиот великан. Едно од засилувањата сигурно ќе биде Жоао Кансело од Манчестер Сити, а за второто име (ако го има) останува да видиме кое ќе биде.

Чави дал зелено светло: Барселона сака да ја ангажира ѕвездата на Атлетико Мадрид

Image
  Барселона сака да доведе уште некој играч до крајот на летниот преоден рок, па управата на клубот се обидува да најде формула, начин да го засили тимот предводен од Чави Ернандес. Веќе е познато дека шпанскиот првак е на добар пат да го доведе Жоао Кансело од Манчестер Сити, но бекот може да добие свој сонародник на „Камп Ноу“. Имено Жоао Феликс веќе некое време е на излезна врата од Атлетико Мадрид, клуб со кој е под договор, но повеќе од јасно е дека тој не е во плановите на Чоло Симеоне, а и тој самиот сака промена, не сака да игра за „колчонеросите“. Пред некое време тој откри дека сонува да игра за Барселона, сон кој може да му се оствари во наредниве денови ако за тоа зелено светло даде клубот од Мадрид. Наводно Барса и Чави се подготвени да го ангажираат офанзивецот, ама под свои услови со оглед на тоа што клубот не стои добро на финансиски план. Најдобриот тим во Ла Лига за минатата сезона сака едногодишен позајмица при која нема да му плати ниту еден денар на Атлетико и ...

Французите најавуваат изненадување: Нејмар сака да си оди од ПСЖ?

Image
  Иако пред само неколку денови Нејмар зборуваше дека безусловно сака да остане во редовите на Пари Сен Жермен, медиумите во Франција не му веруваат. „Л'Екип“ пишува дека 31-годишникот сака да замине од Париз две години пред истекот на договорот. Се верува дека Барселона и ПСЖ прават математики за зделка во која ќе бидат вклучени Нејмар и Осман Дембеле. Нема сомнеж дека Бразилецот би сакал да заигра пак за Каталонците, ама постојат и проблеми.  Тренерот Чави не е многу одушевен од идејата да го види Нејмар во своите редови, меѓутоа ако веќе го губи Дембеле, веројатно би прифатил таков трансфер. Шансите Нејмар да замине од ПСЖ не се големи, меѓутоа ако се верува на француските медиуми, сепак постојат.

Еурофарм Пелистер слави во првиот претсезонски тест со „помладиот брат“

Image
  Битолските ракометни екипи на  Еурофарм Пелистер  и Еурофарм Пелистер 2 одиграа тест натпревар во салата „Боро Чурлевски“ кој заврши со триумф на „постариот брат“ од 33-21 (14-9). Македонскиот шампион првпат заигра со засилувањата во тимот, па воведниот тест дуел пред новата сезона беше успешен.  Александар Јовиќ им даде шанса на новајлиите, а слична беше ситуацијата и во тимот кој го предводи Михаил Петровски. По израмнетиот старт, како што одминуваше времето Еурофарм Пелистер почна да гради предност и на одмор замина со водство од 14-9. Во продолжението пак, иако се играше без преголем интензитет на првиот претсезонски тест, квалитетот исплива на површина. Момците на Јовиќ изградија предност која ја прејде и двоцифрената маргина, за на крај разликата да биде висока.  Голманите беа солидни, Лесјак и Кизиќ во Еурофарм Пелистер собраа по пет интервенции, колку што имаше и Печурица кај младите пелистерци. Кога се зборува за стрелците, Петар Атанасијевиќ даде осу...

Се врати „магијата“ во ПСЖ: Два гола и асистенција на Нејмар против Јеонбук (ВИДЕО)

Image
По неколку неубедливи изданија, првакот на Франција, Пари Сен Жермен конечно со убедлива победа ги израдува фановите и во добра клима се враќа во Европа, подготвувајќи се за Трофејот на шампионите (Суперкупот на Франција) и новата сезона во Лига 1. Екипата на Луис Енрике Мартинез Гарсија го совлада јапонскиот тим Јеонбук со 0-3, а главна ѕвезда беше повратникот Нејмар. Бразилецот се врати на теренот по долгата пауза поради повреда и веднаш покажа што знае. Најскапиот фудбалер во историкјата постигна два гола, а блескаше и новајлијата Асенсио.  Нејмар со фантастична финта си направи простор и погоди за водство од 1-0. Вториот погодок го даде од акција од транзиција. Бразилскиот виртуз го заврши шоуто со асистенција со пета за гол на Асенсио и конечни 0-3. Дуелот за Суперкуп титулата меѓу ПСЖ и Тулуз предвиден е за в сабота, но постои можност за одложување. Шампионатот на Франција почнува на 12/13 август. 

Дембеле ја напушта Барселона, се налутил кога разбрал дека го понудиле како дел од пакетот за Мбапе

Image
  Усман Дембеле ќе ја напушти Барселона. „Лекип“ пишува дека францускиот репрезентативец одлуката ја донел кога дознал дека Барселона, заедно со Гави, им го понудила на ПСЖ во замена за Килијан Мбапе. Според овој извор, Дембеле со ПСЖ, за двојно поголема плата од онаа што ја има во Барселона, договорил петгодишен договор. Менаџерот на ПСЖ ја известил ЛА Лига дека овој трансфер ќе биде реализран во наредните денови, односно кога Дембеле ќе се врати од САД, каде се наоѓа на подготвки со Барселона.  За да биде реализиран трансферот, ПСЖ до вечерва на полноќ, мора да ја активира откупната клаузула која изнесува 50.000.000 евра. Од оваа сума само 25.000.000 евра ќе и припаднат на Барселона, остатокот ќе го поделат Дембеле и неговиот менаџер.  Со понудата за Мбапе, Барселона си постигна авто-гол. Не само што ќе остане без Дембеле, туку сега ќе мора да се активира на трансфер пазарот за да ја пополни неговата позиција. Францускиот репрезентативец е член на Барселона од 2017. Шпа...