Димитриевски: Да покажеме дека резултатот на Олд Трафорд е нереален

Димитриевски: Да покажеме дека резултатот на Олд Трафорд е нереален

Македонскиот голман, Столе Димитриевски вели дека целта за нашата репрезентација утре е да покаже дека тоа што ни се случи на Олд Трафорд е само еден лош ден, но не и реалност.

 


Македонија на Олд Трафорд го претрпе најтешкиот пораз во историјата, загубивме со 7-0. Сега Англија ни доаѓа во Скопје. Мечот се игра утре со почеток од 20:45 часот.

„Натпреварот во Англија беше многу тежок за нас, резултатот во однос на нашите квалитети не е реален, тоа може да се случи на секого. Сега имаме нов натпревар против Англија и шанса да докажеме дека таа слика за нас е погрешна, Се надеваме дека утре ќе се прикажаме во многу подобро издание“, вели Димитриевски.

„Се чувствувам многу добро, во добра форма сум, против Реал Мадрид одиграв одличен натпревар, но сега сум во репрезентацијата и настапите за клубот се зад мене. Сега верувам дека со помош на фудбалерите можеме да останеме со ‘чиста мрежа’ и против репрезентација со Англија што би бил голем резултат за нас против селекција како Англија. Очекувам да се покажаме во вистинско светло. Како и секогаш да дадеме се од себе и да одиграме на високо ниво за на добар начин да ги завршиме овие квалификации. Очекуваме одличен спекал, ќе го дадеме максимумот, иако пред три дена одигравме еден тежок натпревар. Но, денешниот фудбал е таков и тоа не е изговор мораме секогаш да бидеме на највисоко ниво“,вели голманот.

Македонија игра квалификации со најмногу примени голови досега, Димитриевски вели дека се чувствува лошо поради тоа.

 „Лошо се чувствувам да бидам искрен, но ние сме една репрезентација која има нови играчи во сите линии. Потребно ни е време да се запознаеме, да собереме поголемо искуство на репрезентативно ниво. Мораме да работиме многу подобро цел, тим не само јас или одбраната. Во нападот имаме одлични играчи, додека во одбраната мораме да бидеме повеќе фокусирани и примаме многу голови од детали за кои сме виновни ние самите играчи. Се надевам тој процес ќе помине и потоа да се покажеме во вистинско светло во Лигата на Нации“, кажа чуварот на мрежата на Македонија.

Comments

Popular posts from this blog

Петте обвинети за навреда на Винисиус во Валенсија осудени на една година затвор

Златно момче 2025: Кубарси, неспособен да ја повтори наградата Ламине, 'води' на првата листа од 100.

Анчелоти: "Не сум тажен"