Гранде Ѓоковиќ е #1 во светот: Апсолутен рекорд и 98-ми трофеј во кариерата!
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ уште еднаш покажа дека е најдобар на сите времиња и дека нема конкуренција во „белиот спорт“, со победа на завршниот мастерс во Торино и рекордна седма титула на завршниците.
Во финалниот натпревар прворангираниот светски тенисер го победи домашниот тенисер Јаник Синер со 2-0 во сетови (6-3, 6-3) и покажа тотална доминација. Токму Синер беше човекот кој го победи Ноле во групната фаза и му ја прекина серијата од 19 победи по ред, но сега немаше шанси да изненади.
Вистинска тениска лекција подели Србинот за ривалот кој беше надигран. Така, Ѓоковиќ дојде до 98. трофеј во кариерата и до достигнување на завршните мастерси кое ретко кој ќе го достигне во блиска иднина.
Во финалињата на завршните мастерс-турнири за крај на годината, Ѓоковиќ покрај Синер ги победуваше и Николај Давиденко (2008), Роџер Федерер и Рафаел Надал (од 2012 до 2015, па уште двапати Швајцарецот), како и Каспер Руд од членовите на „новата генерација“.
Comments
Post a Comment