Posts

Showing posts from November, 2023

Рајс: Мора да бидеме спремни на поинаква Македонија од Манчестер

Image
  Деклан Рајс од Арсенал говореше во име на тимот на Англија на прес-конференцијата за натпреварот со Македонија во рамки на квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2024 година. Играчот истакна дека очекува поинаква Македонија, мотивирана да се поправи по највисокиот пораз во историјата во Манчестер од 0-7. „Мора да бидеш најдобриот во репрезентацијата за да имаш шанса во тимот, на никого не му е ништо гарантирано. Мора да го извлечеме најдобро од себе. На СП имавме 26, на ЕП ќе имаме 23 играчи и мора да сме врвни. Немаме пораз од Светското првенство, сакаме да го продолжиме тоа и овде. Во Манчестер квалитетот на Македонија не беше на нивото, но тоа не е толку едноставно, може лесно да се сменат работите и ривалот да биде повеќе подготвен затоа што сигурно ќе го сака тоа, а ние мора да сме спремни. Ќе се обидеме да го подигнеме нивото на играта од претходниот дуел со Малта затоа што сакаме годината да ја завршиме со победа, но мора да сме и ментално спремни за...

Гранде Ѓоковиќ е #1 во светот: Апсолутен рекорд и 98-ми трофеј во кариерата!

Image
  Српскиот тенисер  Новак Ѓоковиќ  уште еднаш покажа дека е најдобар на сите времиња и дека нема конкуренција во „белиот спорт“, со победа на завршниот мастерс во Торино и рекордна седма титула на завршниците. Во финалниот натпревар прворангираниот светски тенисер го победи домашниот тенисер  Јаник Синер  со 2-0 во сетови (6-3, 6-3) и покажа тотална доминација. Токму Синер беше човекот кој го победи Ноле во групната фаза и му ја прекина серијата од 19 победи по ред, но сега немаше шанси да изненади. Вистинска тениска лекција подели Србинот за ривалот кој беше надигран. Така, Ѓоковиќ дојде до 98. трофеј во кариерата и до достигнување на завршните мастерси кое ретко кој ќе го достигне во блиска иднина. Во финалињата на завршните мастерс-турнири за крај на годината, Ѓоковиќ покрај Синер ги победуваше и Николај Давиденко (2008),  Роџер Федерер  и  Рафаел Надал  (од 2012 до 2015, па уште двапати Швајцарецот), како и  Каспер Руд  од члено...

Димитриевски: Да покажеме дека резултатот на Олд Трафорд е нереален

Image
Димитриевски: Да покажеме дека резултатот на Олд Трафорд е нереален Македонскиот голман, Столе Димитриевски вели дека целта за нашата репрезентација утре е да покаже дека тоа што ни се случи на Олд Трафорд е само еден лош ден, но не и реалност.   Македонија на Олд Трафорд го претрпе најтешкиот пораз во историјата, загубивме со 7-0. Сега Англија ни доаѓа во Скопје. Мечот се игра утре со почеток од 20:45 часот. „Натпреварот во Англија беше многу тежок за нас, резултатот во однос на нашите квалитети не е реален, тоа може да се случи на секого. Сега имаме нов натпревар против Англија и шанса да докажеме дека таа слика за нас е погрешна, Се надеваме дека утре ќе се прикажаме во многу подобро издание“,  вели Димитриевски. „Се чувствувам многу добро, во добра форма сум, против Реал Мадрид одиграв одличен натпревар, но сега сум во репрезентацијата и настапите за клубот се зад мене. Сега верувам дека со помош на фудбалерите можеме да останеме со ‘чиста мрежа’ и против репрезентација со...