Заминува најскапиот тинејџер во историјата на Манчестер Јунајтед

 


Антони Марсиал мака мачи со пронаоѓање на вистинската форма и неговиот престој во Манчестер Јунајтед е пред самиот крај, јавуваат повеќе англиски медиуми. 

Офанзивното крило пристигна во Англија како 18-годишно момче и оттогаш одигра 209 натпревари за „ѓаволите“, но скоро никогаш не се наметна како стандарден првотимец и често го мачеа ситни и потешки повреди. Последниве две години Франзцузинот одигра малку натпревари, по што управата реши да му се заблагодари за услугите и тој од јануари ќе може да си бара нов клуб. 

И тренерот Ерик Тен Хаг најави дека петмина фудбалери сигурно заминуваат следното лето, а тука беше вбројан и Марсиал, кој сезонава настапи на тринаесет натпревари во Премиер лигата, но постигна само еден гол. Неговиот учинок е повеќе од разочарувачки, па заминувањето од Јунајтед се чини како логичен чекор за двете страни. 

Договорот му истекува на крајот од оваа сезона, и иако „ѓаволите“ имаа опција да ја продолжат соработката за уште една година, до тоа сепак нема да дојде. Антони Марсиал ја започна кариерата во Лион, а во Манчестер пристигна од редовите на Монако, во времето кога тренер беше Луј ван Гал. За него беше издвоена голема сума од скоро педесет милиони евра и до денешен ден е најскап тинејџер во историјата на Манчестер Јунајтед и Премиер лигата.

Comments

Popular posts from this blog

Петте обвинети за навреда на Винисиус во Валенсија осудени на една година затвор

Златно момче 2025: Кубарси, неспособен да ја повтори наградата Ламине, 'води' на првата листа од 100.

Анчелоти: "Не сум тажен"