Posts

Showing posts from December, 2023

Заминува најскапиот тинејџер во историјата на Манчестер Јунајтед

Image
  Антони Марсиал мака мачи со пронаоѓање на вистинската форма и неговиот престој во  Манчестер Јунајтед  е пред самиот крај, јавуваат повеќе англиски медиуми.  Офанзивното крило пристигна во  Англија  како 18-годишно момче и оттогаш одигра 209 натпревари за „ѓаволите“, но скоро никогаш не се наметна како стандарден првотимец и често го мачеа ситни и потешки повреди. Последниве две години Франзцузинот одигра малку натпревари, по што управата реши да му се заблагодари за услугите и тој од јануари ќе може да си бара нов клуб.  И тренерот Ерик Тен Хаг најави дека петмина фудбалери сигурно заминуваат следното лето, а тука беше вбројан и Марсиал, кој сезонава настапи на тринаесет натпревари во Премиер лигата, но постигна само еден гол. Неговиот учинок е повеќе од разочарувачки, па заминувањето од Јунајтед се чини како логичен чекор за двете страни.  Договорот му истекува на крајот од оваа сезона, и иако „ѓаволите“ имаа опција да ја продолжат сорабо...