Фирмино му вели „збогум“ на Ливерпул, Бразилецот се сели во шпански гигант?

 


Одамна е веќе најавено заминувањето на Роберто Фирмино кој не го продолжи договорот со Ливерпул, иако тренерот Јирген Клоп неколку пати изјавуваше дека би сакал да го задржи Бразилецот во своите редови. 

Фирмино игра солидна сезона во дресот на „црвените“ и значително ја крена својата форма во споредба со минатата година, а интересот од големите европски гиганти секојдневно се зголемува. Многумина веруваат дека 31-годишниот крилен напаѓач има уште многу потенцијал во себе, а тоа го потврдува со овосезонскиот учинок од девет голови и четири асистенции во Премиер лигата. Бразилецот постигна и два гола во Лигата на шампионите, а неговото искуство може да биде од големо значење за клубот во кој ќе настапува следната сезона. 

Шпанските медиуми пишуваат дека на адресата на Бразилецот стигнале две примамливи понуди од најголемите гиганти, Реал Мадрид и Барселона. Двата клуба би сакале да го видат Фирмино во своите редови и сметаат дека тој би можел многу да придонесе во организацијата на играта, а дополнителен бонус е и неговата визија за постигнување голови, што го прави еден од најкомплетните играчи на својата позиција. 

Интерес за фудбалерот има и од неколку клубови од Соединетите Американски Држави и Саудиска Арабија, но се верува дека овие дестинации не се баш атрактивни за него во моментов. Наводно, Реал и Барселона се силно „загреани“ за Фирмино затоа што можат да го добијат играчот бесплатно или за симболична отштета, затоа што неговиот договор истекува ова лето. Бразилскиот репрезентативец во Ливерпул заработува 180.000 евра неделно, а се верува дека и Реал и Барса му ја понудиле истата плата и соработка на две години, со можност за продолжување на договорот за уште една сезона. 

Голема е веројатноста дека токму еден од овие два клуба ќе биде следната дестинација на Фирмино кој сигурно би се снашол во шпанскиот фудбал. Луѓе блиски до фудбалерот изјавиле дека на Фирмино му годи интересот од шпанските великани и дека е само прашање на време кога ќе ја соопшти конечната одлука. Исто така се вели дека во ниту еден случај играчот не би заминал во друг клуб од Премиер лигата, поради почитта кон „црвените“ со кои освои една титула во Англија и се закити со престижниот трофеј во Лигата на шампионите. 

Летниот преоден рок започнува на први јули, а трансферот на Фирмино се очекува да биде еден од најзвучните на европскиот континент. Роберто Фирмино пристигна во Ливерпул во 2015 година и досега одигра 255 натпревари за „црвените“. Во дресот на шесткратниот европски шампион вкупно постигна над 80 голови во сите конкуренции, „зачинети“ со уште 59 асистенции. 

Comments

Popular posts from this blog

Петте обвинети за навреда на Винисиус во Валенсија осудени на една година затвор

Златно момче 2025: Кубарси, неспособен да ја повтори наградата Ламине, 'води' на првата листа од 100.

Анчелоти: "Не сум тажен"