Данџума во Тотенхем!
КИДАК: Данџума во Тотенхем!
..уште една луда приказна за јануарскиот преоден рок:
Данџума ќе му се приклучи на Тотенхем.
Евертон имаше целосен договор за Данџума бидејќи медицинските тестови беа направени во саботата и беа поставени документите да бидат потпишани/регистрирани.
Тотенхем синоќа влезе во трка со истиот предлог до Виљареал за позајмица до крајот на сезоната со покриена целосна плата.
И покрај медиумите и медицинските прегледи како нов играч на Евертон, Данџума одлучи да го прифати предлогот на Спарс и веднаш да се приклучи на тимот на Конте.
Киднапирањето сега е завршено бидејќи Данџума е на пат за Лондон на медицински тестови и потпишување договор со Тотенхем во следните 24 часа.
Comments
Post a Comment