Posts

Showing posts from April, 2024

Еурофарм Пелистер го заборави поразот од Вардар и рутински се справи со Бутел

Image
  Екипата на Еурофарм Пелистер   брзо го заборави поразот од Вардар во Скопје и пред својата публика со рутински 30-22 (14-9) го совлада Бутел и се врати на лидерската позиција во плеј-офот од Суперлигата. РЕКЛАМА Комплетниот натпревар меѓу Еурофарм Пелистер и Бутел: https://www.youtube.com/live/MATdRRgubIw?si=UcNllqPEbxfxj7Oz Гостите од Скопје беа рамноправен противник само на стартот на натпреварот. Откако Субашевски во седмата минута израмни на 3-3, пелистерци влегоа во серија и со четири врзани гола се одлепија на 7-3. Шампионот долго време ја чуваше предноста од четири гола, а во самата завршница од полувремето со голот на Пешевски за првпат поведе со +5 (14-9), резултат со кој се замина на одмор.  Во вториот дел Еурофарм Пелистер  тргна уште посилно и поведе со осум гола разлика (18-10), а откако прашањето на победникот веќе беше решен, Ангеловски шанса им даде и на ракометарите од клупата, кои одоворија соодветно и шампионот на крај славеше со убедливи ...