Posts

Showing posts from January, 2024

Жарко Пешевски во тимот на првото коло на Европското првенство!

Image
  Македонскиот ракометен репрезентативец Жарко Пешевски се најде во идеалниот тим на првото коло на Европското првенство (ЕП) кое се одржува во Германија. РЕКЛАМА Пивотменот на Еурофарм Пелистер беше најдобар стрелец на натпреварот против Франција кој се играше пред над 53.000 гледачи. Пешевски го заврши мечот со седум гола од осум обида и беше прво име во Македонија пред Џонов со шест гола. Специјализираната Инстаграм страница за ракомет „РТХ“ ги одбра најдобрите од првата рунда, а во тимот се најде Пешевски. Имаше место за уште тројца Балканци - Влах од Словенија е најдобар среден бек, Мартиновиќ од Хрватска е најдобар десен бек, додека Шоштариќ од Хрватска е супер-измената на колото. Идеалниот тим на 1. коло од групите на ЕП 2024: