Posts

Showing posts from 2024

Роке сака да си оди од Барселона, никој не знае зошто Чави не зборува со него

Image
  Агентот на Витор Роке, Андре Кари вели дека неговиот клиент нема да замине на позајмица, туку тоа би било на перманентен трансфер. Витор Роке требаше да биде големо засилување за иднината на Барселона, но авантурата на бразилскиот фудбалер премина во кошмар. Тој има 138 минути одиграно распределени во 11 натпревари, но и покрај тоа постигна два гола. Се шпекулира дека Барселона ќе го даде на позајмица за следната сезона, но неговиот агент вели дека Роке сака перманентно да го напушти клубот. „Тој нема да оди на позајмица. Ако замине, тоа ќе биде на перманентен трансфер“, вели Кари. „На никој не му е јасно зошто Чави не го игра и зошто дури и не зборува со Витор. Имаше многу натпревари на кои можеше да му даде минути, а не му даде“. „Не разбирам. Не е праведно, наскоро ќе разговараме со Барселона за неговата иднина“.

Еурофарм Пелистер го заборави поразот од Вардар и рутински се справи со Бутел

Image
  Екипата на Еурофарм Пелистер   брзо го заборави поразот од Вардар во Скопје и пред својата публика со рутински 30-22 (14-9) го совлада Бутел и се врати на лидерската позиција во плеј-офот од Суперлигата. РЕКЛАМА Комплетниот натпревар меѓу Еурофарм Пелистер и Бутел: https://www.youtube.com/live/MATdRRgubIw?si=UcNllqPEbxfxj7Oz Гостите од Скопје беа рамноправен противник само на стартот на натпреварот. Откако Субашевски во седмата минута израмни на 3-3, пелистерци влегоа во серија и со четири врзани гола се одлепија на 7-3. Шампионот долго време ја чуваше предноста од четири гола, а во самата завршница од полувремето со голот на Пешевски за првпат поведе со +5 (14-9), резултат со кој се замина на одмор.  Во вториот дел Еурофарм Пелистер  тргна уште посилно и поведе со осум гола разлика (18-10), а откако прашањето на победникот веќе беше решен, Ангеловски шанса им даде и на ракометарите од клупата, кои одоворија соодветно и шампионот на крај славеше со убедливи ...

Жарко Пешевски во тимот на првото коло на Европското првенство!

Image
  Македонскиот ракометен репрезентативец Жарко Пешевски се најде во идеалниот тим на првото коло на Европското првенство (ЕП) кое се одржува во Германија. РЕКЛАМА Пивотменот на Еурофарм Пелистер беше најдобар стрелец на натпреварот против Франција кој се играше пред над 53.000 гледачи. Пешевски го заврши мечот со седум гола од осум обида и беше прво име во Македонија пред Џонов со шест гола. Специјализираната Инстаграм страница за ракомет „РТХ“ ги одбра најдобрите од првата рунда, а во тимот се најде Пешевски. Имаше место за уште тројца Балканци - Влах од Словенија е најдобар среден бек, Мартиновиќ од Хрватска е најдобар десен бек, додека Шоштариќ од Хрватска е супер-измената на колото. Идеалниот тим на 1. коло од групите на ЕП 2024: